Дијалог за постепено напуштање на употребата на јагленот и праведна транзиција во регионите со јаглен во Западен Балкан и во Украина

Заеднички водена од Европската комисија и нејзините меѓународни партнери, Иницијативата за регионите со јаглен кои се во транзиција во Западен Балкан и во Украина ги поканува сите заинтересирани страни да се придружат на годишниот состанок на иницијативата на 23-24 јуни. Целта на настанот е да поддржи отворен, повеќестран дијалог за постепено напуштање на употребата  на јагленот и правична транзиција кон одржливи извори на енергија во Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина.

Намерата на иницијативата е заеднички да ги истражи патеките за правична транзиција на регионите со јаглен во Западен Балкан и Украина и да постигне во остварувањето на целите на Зелениот договор. Иницијативата е воспоставена во контекст на посветеноста на ЕУ за справување со климатските промени и за да помогне во остварувањето на целите на Парискиот договор, како и заради взаемна размена со соседните земји и амбицијата да стане прва јаглерод-неутрална економија до 2050, и таа вклучува придружни мерки за правична и фер транзиција во регионите со јаглен во Западен Балкан и Украина

Иницијативата ја предводи Европската Комисија, во соработка со шест меѓународни партнери: Светската банка, Секретаријатот на Енергетската заедницаЕвропската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ), полската Национална фондација за заштита на животната средина и управување со водите (НФОСиГВ), и Колеџот на Европа во Натолин. Целта е да се поттикне дијалог ширум целиот регион и помеѓу засегнатите страни преку споделување на знаењето, градење на капацитетите, и размена помеѓу регионите со јаглен во Западен Балкан и во Украина и ЕУ.

Иницијативата ќе ги поддржи региони со јаглен коишто се стремат да спроведат праведна транзиција кон одржливи извори на енергија. Земјите што се наоѓаат во фокусот на иницијативата се Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина. Со првичниот скрининг беа идентификувани 17 региони со значителни јагленокопни активности и термоцентрали на јаглен коишто се квалификуваат да земат учество во иницијативата. И другите региони со значителни јагленокопни активности и термоцентрали на јаглен се исто така добредојдени да ѝ се приклучат на иницијативата. За да дознаете повеќе за регионите, Ве молиме прочитајте овде.

Поддршката од иницијативата се состои од пет компоненти. Прво, иницијативата ќе овозможи отворена платформа за дијалог ширум целиот регион и со сите засегнати страни преку комуникациски активности и настани. Сите заинтересирани засегнати страни се покануваат да му се приклучат на дијалогот. Меѓу предвидените групи на засегнати страни се вбројуваат надлежните државни органи, актерите од енергетскиот сектор, НВО, истражувачите, деловниот сектор, медиумите, меѓународните организации, политичките партии, младинските организации и др.

Второ, иницијативата ќе спроведе програма за размена меѓу јагленовите региони. Регионите учесници од Западен Балкан и Украина и од ЕУ ќе изградат врски, ќе разменат искуства, знаења и најдобри практики за прашања поврзани со транзицијата. Програмата ќе го користи и искуството од успешната Иницијатива за региони со јаглен во транзиција воспоставена за регионите со јаглен во земјите членки на ЕУ во 2017.

Трето, ќе се изградат капацитетите на релевантните засегнати страни преку Академија за учење во регионите со јаглен којашто ќе понуди наменски обуки за управување, ангажирање на заедницата, рехабилитација на животната средина и пренамена на земјиштето и имотите.

Четврто, на избраните пилот-региони ќе им се даде техничка помош во форма на експертска поддршка за да изработат планови за транзиција за релевантните државни органи.

Конечно, иницијативата ќе им помогне на јагленовите региони да пристапат до финансиски средства за проекти или програми за транзиција, врз основа на најразлични извори достапни од Европската Комисија, Светската банка, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка.

Деталите за активностите на иницијативата ќе се претстават за време на нејзиниот годишен состанок. Состанокот ќе се одржи онлајн на 23-24 јуни и ќе биде отворен за сите заинтересирани учесници. За да учествувате на состанокот и за да добиете дополнителни информации за иницијативата, Ве молиме да се регистрирате тука.

Да дознаете повеќе за иницијативата, Ве молиме прочитајте овде.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.