ДКСК ќе отвори два случаи против премиерот Заев

Според најавата која синоќа ја даде на “Топ тема“ претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, на денешната седница Комисијата за спречување на корупција ќе отвори два случаи против премиерот Зоран Заев.
– Ќе отвораме нови случаи по пријави, како случајот „Глобал“, „едно евро за Вицето“, знаете дека ние работиме неселективно. Исто така ќе отвориме и случаи по пријави на граѓани. Седниците се отворени и јавни и секогаш ја известуваме јавноста, рече Ивановска.
Комисијата ќе работи по две точки од кои едната е постапување по предмети од областа за спречување на корупцијата и другата – постапување по предмети за можен судир на интереси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.