ОВЕН
Подготвени сте на ризични активности за да освоите нова позиција на работното место. Во ваш најдобар интерес е претходно да процените дали промената вреди и дали нема да зажалите. Не се расправајте со колегите и само следете ја вашата рутинска работа. Ќе имате посета од прекуокеански деловни партнери, кои пријатно ќе ве изненадат.
БИК
Изненадувачки, но ќе добиете потврден одговор за назначување на нова работа. Вашиот успех може да биде засенет од хировите на вашите пријатели кои инсистираат да го залевата по секоја цена на ваша сметка. Спроведете ги планираните деловни разговори, со договор за потпишување на договорите во наредните денови. Размислете за нив уште еднаш.
БЛИЗНАЦИ
Несаканите состаноци ве прават нервозни уште од утрото. Бидете трпеливи, сослушајте ги посетителите кои нахално ви приоѓаат, но одбијте им ја вашата помош. Потоа внимавајте на вашите должности. Не дозволувајте проблемите да ви завлаета разумот. Можно е прет пладне да остварите професионални и финансиски успеси.
РАК
Не договарајте со пријателите кредити преку банкарски институции, бидејќи имате доволно средства за успешно започнување на вашиот бизнис. Направете го тоа без да го земете предвид мислењето на вашите блиски. Со договорен деловен состанок во првата половина од денот, ќе имате успех доколку не сте премногу тврдоглави, нерешливи и непопустливи.
ЛАВ
Денеска подобро е да се откажете од вашите грандиозни планови и да ги преземете вообичаените обврски. Поради незавршени задачи ги трпите критиките на претпоставените кои нема да ги прифатат вашите извинувања. Комуникацијата е тешка. Стабилизирајте ги односите со колегите доколку се нарушеби поради мешања од страна.
ДЕВИЦА
Анализирајте ја причината за оддалеченоста на луѓето на кои сметате. Вие лесно комуницирате и можете да ги спроведете вашите разговори со нив. Не оптоварувајте се со нови задачи, туку завршете ги започнатите. Дури и ако треба да ги промените вашите планови, не се лутете бидејќи промената е за ваше добро. Рутината во вашите постапки е гаранција за успех.
ВАГА
Финансиските приходи ќе ве поттикнат да направите промени во личниот и професионалниот живот. Дозволете си да создадете нови пријателски и деловни контакти. Зафатете се со вашите тековни задачи. Недостигот од самодоверба е на ваша штета. Обемот на работа нема да биде добар ниту за вас, ниту за односот со колегите.
ШКОРПИЈА
Дури и ако ви е тешко и сте загрижени, не заборавајте да се потсетите дека денеска ќе успеете само ако се потпрете на себеси и не се надевате на помош. Нема начин како да ја добиете затоа што сте биле исклучително критични. Претприемачите ќе ги постигнат целите поставени за овој ден со успех над очекувањата.
СТРЕЛЕЦ
Неочекуваната агресија и барањата на вашите најблиски се причината поради којашто сте депресивни и разочарани. Избегнувајте намерно предизвикани финансиски проблеми поврзани со вашите роднини и пријатели. Очекуваните финансиски приходи ќе доцнат. Деловните состаноци нема да ви донесат успех доколку сте ги договориле за рано претпладнето и не сте се подготвиле за нив.
ВОДОЛИЈА
Дрежете се настрана од озборувања и интриги на вашето работно место. Денот е полн со напнатост за оние околу вас, но не и за вас. Започнете нов бизнис и размислете за патување во странство. Деловните состаноци и патувања на овој ден ќе бидат успешни доколку не ве спречат да ги завршите активностите што сте ги започнале.
РИБИ
Задоволни сте од самите себеси поради веста дека сте избрани за работа во странство, што ви дава и дополнителна слобода да се развивате. Почнете да се подготвувате за вашето заминување, но не брзајте да тргнете, туку одберете го вашиот најдобар личен ден за патувањето. Не ја одбивајте понудената помош, доколку треба да пополните финансиски документи.