ОВЕН
Денеска подгответе се за грешки на работното место коишто ви предизвикуваат проблеми и во приватните односи, доколку си одите дома лути и гневот го истурите на вашите најблиски. Вашите нови идеи ќе предизвикаат финансиски загуби. Ако сте направиле планови како да ги вложите вашите пари, тие може да бидат неуспешни. Не се потпирајте само среќата.
БИК
Очекувајте пријатни вести кои ќе ве исполнат со оптимизам и желба да бидете активни. Завршете ги сите започнати задачи и ако имате време започнете нови. Деловните состаноци ќе бидат успешни доколку ги надминете тешкотиите. Од утрото ви нудат учество во успешна деловна зделка.
БЛИЗНАЦИ
За да можете да ги завршите своите задачи и да започнете нови без да заостанувате, немојте да мислите дека работите само за пари. Искористете ги добрите можности. Имате можност да започнете нова профитабилна задача. Правете сè со задоволство и со желба да бидете полезни и за другите. Судбината ве зема во заштита.
РАК
Очекувајте потешкотии и неволји кои ќе ве спопаднат предтпладнето, но самите ќе се справите со нив. Бидете особено внимателни на новите понуди, доколку ви ги предложат вашите завидливи колеги. Анализирајте ги сопствените грешки и не бидете непопустливи кога водите деловни разговори.
ЛАВ
Пред вас е тежок ден. Исполнет е со грешки на вашите колеги, ваши критики и недоразбирања на работното место. Избегнувајте состаноци и разговори, како и работа поврзана со составување и потпишување финансиски документи. Денот е неповолен и за комуникација со деловните партнери и за деловни преговори.
ДЕВИЦА
Денот е поволен за деловни разговори, но поради неочекувани потешкотии и неможност уште еднаш да се разгледаат документите, нема начин како да се подготват договорите. Не инвестирајте повеќе од планираните средства. Искористете ги поволните можности кои ви ги даваат колегите, но и судбината, за да имате успех.
ВАГА
Заштитете ги вашите интереси пред колегите и претпоставените и бидете одговорни на вашето работно место. Ќе ви порасне авторитетот и ќе ви се врати самодовербата. Деловните разговори и состаноци ќе бидат успешни доколку се придржувате до барањата на судбината. Добро е да бидете трпеливи и тактични и да ги сослушувате вашите соговорници.
ШКОРПИЈА
Ви претстои тежок ден поради вашите грешки на работното место и недоразбирањата кои произлегуваат од вашите личен живот. Стабилизирајте го она што сте го постигнале. Не трошете ја попусто вашата енергија. Подобро откажете се од новите задачи за да се поштедите од маки. Завршете ги заостанатите работи, особено оние со коишто одамна доцните, но и профитабилните.
СТРЕЛЕЦ
Од вас зависи дали ќе ги избегнете проблемите предизвикани од претходните грешки на работното место кои намерно сте „заборавиле“ да ги поправите. Внимателно третирајте ги идеите и предлозите што ви се презентирани денеска. Не сте сигурни во вашиот професионален успех. Не се лишувајте од поддршката од колегите, која ќе ви даде самодоверба.
ЈАРЕЦ
Очекувајте приходи од успешни трговски операции. Пред вас се отвораат нови и подобри професионални перспективи кои не треба да ги пропуштите, особено ако сте невработени или сакате да ја промените работната средина. Ќе ви дадат примамлива понуда, но не се согласувајте на инвестиции.
ВОДОЛИЈА
Се појавуваат проблеми кои тешко дека ќе ги решите самите, доколку сте си дозволиле да ѝ пркосите на судбината и на нејзините барања. На работното место не препуштајте се на емоциите, за да не си создавате непријатели меѓу колегите и со луѓето кои ви значат. Ако развивате сопствен или семеен бизнис, одложете ги преговорите за негово проширување.
РИБИ
Денеска имате тенденција да избрзувате и да се согласувате да учествувате во ризични трансакции, за кои сте убедени дека нема причина за грижа, но всушност може да бидете губитник. Доколку работите на полето на приватниот бизнис, ризикот е неоправдан и вашиот неуспех е загарантиран. Не треба да мислите само на вашите материјални успеси, доколку сакате да се поштедите од загуби.