четврток, 12 ноември 2026
Најново

Доаѓа Луцијан и носи пороен дожд и грмежи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во текот на утрешниот ден ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец па поради силното јужно воздушно струење ќе се врши транспорт на прашина и песок од Сахара, најавува специјализираниот портал „Метеомакс“ на Славчо Попоски.
Времето ќе биде сончево и многу топло се до доцните попладневни часови кога ќе има дестабилизација на атмосферата и локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Локално, процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.
Во сабота веќе на многу места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер и исто така локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.
И натаму сотанува многу топло со многу високи температури на воздухот.

Поврзани вести