Неколку големи глобални банки, вклучувајќи ги HSBC и JP Morgan, ги затворија канцелариите и ги евакуираа вработените во земјите од Персискиот Залив поради сериозни безбедносни закани. На вработените им е наредено да работат од дома до понатамошно известување, објави Sky News.
„Стандард Чартерд“ започна со евакуација на персоналот од своите канцеларии во Дубаи и им нареди на вработените да работат од дома, објави вчера „Ројтерс“, повикувајќи се на два извори. Американската банка „Ситигруп“, исто така, им нареди на вработените да ги евакуираат канцелариите во Меѓународниот финансиски центар во Дубаи (DIFC) и градскиот кварт Оуд Мета.
„Џеј-Пи-Еј Морган“ изјави дека неговите вработени на Блискиот Исток исто така ќе работат од дома „засега “, но нагласи дека работењето и услугата за корисници „остануваат непроменети“. HSBC ги затвори сите свои филијали во Катар до понатамошно известување.
„Безбедноста на нашите колеги и клиенти останува наш врвен приоритет “, изјави портпаролот на HSBC.
Закана од иранското воено раководство
Овие потези доаѓаат откако Заедничкиот штаб на иранската армија соопшти дека ќе ги таргетира банките и финансиските институции. Заканата беше упатена по наводниот напад врз зграда поврзана со Банката Сепах, една од најголемите државни банки во Иран.
Овој развој на настаните го поткопува угледот на Дубаи како безбедно засолниште, особено имајќи предвид дека емиратот во последниве години се појави како важен финансиски центар за водечките светски банки, адвокатски фирми и менаџери на средства.
The post Добиваат опасни закани: Големите банки ги евакуираат своите канцеларии на Блискиот Исток appeared first on Во Центар.



