ДОБИЛА ПРАТКА ОД БАБА КОЈА Е МРТВА ДВЕ ГОДИНИ: Се обидувала да открие што се случило, а потоа следел неверојатен пресврт!

Џен Хамилтон доби пакет по пошта и немаше да биде ништо посебно ако тој пакет не беше адресиран до нејзината баба, која почина 2 години порано. Таа го документирала отворањето на TikTok и не можела да го скрие своето изненадување кога пронашла чек од 250 долари и фотографија од нејзините баба и дедо.

Немало објаснување, а забележала дека уплатата е од 14 ноември, додека пак пакетот бил испратен два дена подоцна. Имаше и налепница со адресата на која живееше бабата додека беше жива.

Џен Хамилтон

– Мајка ми немаше поим што се случува, но го препозна ракописот на пакетот – рекла Џен во друго видео на нејзината страница во TikTok, додавајќи дека една од нејзините сестри добила идентичен пакет , исто така без објаснување.

Џен Хамилтон

– Бев на работа кога добив порака од мојата братучетка Хедер. Таа беше исто толку збунета“, рече Хедер.

Благодарение на нејзината мајка која можела да го препознае ракописот на една од нејзините сестри, тие набрзо ја решиле мистеријата. Нејзината мајка има многу браќа и сестри, а еден од нив успеал да го продаде стариот автомобил на нејзината баба и решил да го подели имотот подеднакво. Сумата беше поделена на неверојатни 18 дела, а во најмала рака семејството беше воодушевено.

– Ретка работа е семејствата да не се себични по смртта на своите најблиски – коментира еден корисник на социјалната мрежа ТикТок, а со оваа изјава се согласија и многу следбеници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.