Добитниците на Златен Глобус

Филмот “Argo” на американскиот режисер и глумец Бен Афлек триумфираше минатата ноќ на 70. доделување на наградите Златен глобус во Лос Анџелес, освојувајќи награда за најдобра драма и најдобра режија.
Наградата за најдобар глумец во драма ја доби Даниел Деј – Луис за улога во филмот “ Lincoln” на Стивен Спилберг, а за најдобра глумица во драма е прогласена Џесика Честејн за улога во филмот “ Zero Dark Thirty” на режисерката Кетрин Биглоу.
За најдобра женска споредна улога наградата ја доби Ен Хатавеј за улогата во филмот “ Les miserables” , а за најдобар машки глумец во истата категорија е прогласен Кристоф Валц за глумата во филмот “ Django Unchained”
Наградата за најдобро сценарио му припадна на Кевин Тарантино за истиот филм “ Django Unchained” , жирито за најдобар мјузикл/комедија го прогласи филмот “ Les miserables”, на Том Хупер.
За најдобар глумец во комедија/мјусикл е прогласен Хју Џекмен за улогата во “ Les miserables”, а во истата категорија за глумици триумфираше Џенифер Лоренс за улогата во филомот “ Happiness therapy” .
Наградата за најдобар странски фил ја доби австрискиот режисер Михаел Ханеке за филмот “ Amour”. Најдобар анимиран филм е “ Brave”, а најдобра оригинална песна е “ Skyfall”Филмот “Argo” на американскиот режисер и глумец Бен Афлек триумфираше минатата ноќ на

Пронајдете не на следниве мрежи: