Овој рецепт го користат и голем број манекенки пред некој важен настап, кога е потребно да имаат совршено рамен стомак.
Смесата е здрава, па може било кој да ја користи без штетни последици по здравјето. Најдобро е да се консумира наутро.
Ќе се чувствувате многу подобро, а ќе го намалите салото од стомакот.
Потребни состојки:
300 мл кефир
7 суви сливи
2 лажици овесни снегулки
1 лажица ленено семе
1 лажица какао во прав
Начин на подготовка:
Сувите сливи прелијте ги со 100 мл топла вода и оставете ги 10-тина минути за да набубрат и да се хидрираат.
Лененото семе сомелете го свежо. Користете само свежо сомелено ленено семе, а доколку не сте во можност да го сомелете, тогаш употребете го целозрнесто.
Користете квалитетно какао, мелено, или какао во зрно, па и него сомелете го.
Во посебен сад измешајте ги овесните снегулки, лененото семе, какаото и прелијте со кефир.
Подоцна исечкајте ги набубрените сливи и додадете ги во смесат. Промешајте и консумирајте откако ќе испиете две чаши млака вода на гладен стомак.