Договорот од Преспа е од корист за цела Европа, рече Меркел

По средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Договорот од Преспа не носи придобивки само за Северна Македонија која може да стане членка на НАТО и ЕУ, туку е во корист и на Грција и на цела Европа и истакна дека не постои никаква поврзаност меѓу решението на спорот со името со економските реформи во Грција како што тврдеше Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Меркел му се заблагодари на Ципрас кој, како што рече таа, работеше на решавање на долгогодишното прашање за името, обидувајќи да најде решение заедно со премиерот на соседната земја, господинот Заев и му честиташе за решителниот чекор „кој не е во корист само за Северна Македонија и Грција, туку и за цела Европа”.
Грчкиот премиер Ципрас, пак рече дека Договорот од Преспа може во иднина да биде модел за решавање на спорови.
– Договорот од Преспа е многу важен чекор напред за стабилноста, безбедноста, заедничкиот развој во регионот. И јас верувам дека можеби е модел и за други можни договори во иднина, што може да укажува на решенија, на прифатливи решенија во иднина, модел на решенија, бидејќи без наметнување од едната на другата страна се дава можност да се оди наред, рече грчкиот премиер.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.