Млеко, ориз, шеќер и цимет за крај, а еве го совршениот десерт во кој уживаат и постарите, но и најмладите.
Некои сакаат да рендаат морско оревче, да додаваат сушено овошје, какао и слично, за десертот да биде уште побогат.
Сепак, искусните стари домаќинки знаат дека на секој сутлијач додека се готви во млекото му се додава состојка која неверојатно го подобрува вкусот.
Тоа е ванилин шеќер, и тоа бурбон, кој се додава во смесата пред да се стави обичен шеќер.
Остатокот од процесот на подготовка е ист, а разликата во вкусот е изненадувачка.
Слатката арома на ванилиниот шеќер помешана со кремастата структура на сутлијачот создава неодолив десерт во кој ќе ужива целото ваше семејство.
Бидејќи сутлијачот потекнува од Блискиот Исток, можете да пробате да го печете и во рерна, како што тоа го прават домаќинките од споменатиот дел на светот.