Додека Севе споделува голи сцени од Малдиви, Игор избриша повеќето нејзини фотографии

Игор Којиќ заследи нови профили на Instagram, но и избриша повеќето фотографии со Северина.
И додека Северина деновиве ги објавува своите волшебни фотографии од егзотичните Малдиви на својот Instagram профил, нема индиции дека нејзиниот сопруг Игор Којиќ е со неа, згора на тоа, тој се огласува на социјалните мрежи од Белград.
А неговите следбеници забележаа и некои промени во неговиот профил, поточно дека тој во моментов следи пет различни профили, додека Северина го следи само него. Пред неколку месеци, тој започнал да го следи профилот на Патријархот Павле и Духовни пораки од Светите Отци, а во меѓувреме го заследил и Ненад Гугл и фан клубот на Душко Радовиќ.
И Игор и Северина избришаа повеќето заеднички фотографии од социјалните мрежи, тој остави само две објави, а минатата година воопшто не се следеа на Instagram некое време.
Сето ова укажува дека сè уште има одредени проблеми во нивната врска и тие веќе воопшто не се појавуваат заедно во јавноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.