Додека уште имате по некоја тегла од минатогодишниот ајвар …
Потребно е:
2 големи конзерви туна во парченца
8 лажици ајвар
4 лажици сенф
1 главица кромид, ситно сецкан
3 чешниња лук, истолчени
3 кисели краставички, ситно сецкани
магдонос
бибер
Подготовка:
– Исецкајте ги краставичките, кромидот и истолчете го лукот.
– Соединете ги сите состојки, додадете сецкан магдонос и бибер по вкус.
– Пред да ја послужите оваа вкусна салата ставете ја во ладилник да стои неколку часа.