Додека јавноста ги очекува резултатите, партиите си ја префлаат вината за труењето во Гостивар

Јавноста ги очекува резултатите од Институтот за јавно здравје за да дознае која е причината за огромниот број на заболени со гастроинтестинални тегоби во Гостивар.Очекуваат и работа на терен, работа со населението, помош за заболените, чиста вода за пиење, целосна акција и мобилизација, затоа што станува збор за еден цел град, иако исто треба да биде и  да е за еден граѓанин, затоа што станува збор за право на живот. Жестоки реакции од стручната јавност. Партиите и нивните изјави се само евтин фолклор и доказ за слаби и никакви институции, кави што си е самите тие.
Анализите почнале уште во четвртокот откако се земени примероци, а од Институтот за јавно здравје вчера соопштија дека екипи работат и за време на викендот со цел анализите да бидат направени навремено и стручно.

И додека се чекаат резултатите, во Гостивар е забранета водата за пиење, а се зголемува и бројот на пациенти кои бараат лекарска помош во гостиварската Болница.
Таму вчера беше и новиот министер за здравство Сашо Клековски кој рече дека епидемиолозите се оние кои ќе утврдат која е причината, но дека можноста толкав број луѓе да се затрујат од ист вид храна е малку веројатна, особено затоа што симптомите траат веќе неколку дена.
Прогласување епидемија, според министерот, засега нема да има се додека не се утврди причината за големиот број заболени.

Спротивно од неговата изјава, познатиот микробиологот Никола Пановски смета дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис и ги повика епидемиолозите да реагираат, нагласувајќи дека станува збор за професионална, а не политичка обврска.
– Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град оболеле 30 проценти од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија. Епа браво, напиша Пановски на Фејбук.
Микробиологот Пановски: Во Гостивар има епидемија,„Епидемиолози, каде сте? Ова не е политика, ова е ваша должност да реагирате“!

А ситуацијата во Гостивар ја искористија политичките партии за да си ја префрлаат вината. И додека претседателот на Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар одржа прес-конференција обвинувајќи ги СДСМ, ДУИ и Таравари за ситуацијата во Гостивар, од СДСМ со критика дека изјавата на премиерот за Гостивар е празна. Во целата ситуација, Влен пак се пофали дека обезбедиле цистерна со вода за жителите на Гостивар.

Пронајдете не на следниве мрежи: