Доколку земате витамин Д, внимавајте на ова: Една работа е пресудна за апсорпција на најсилниот чувар на имунитетот

Доколку земањето витамин Д е дел од вашиот секојдневен режим, правите добра работа за вашето здравје. Меѓутоа, ако не го консумирате заедно со една важна група намирници, веројатно не му овозможувате на вашето тело целосно да ги апсорбира огромните придобивки од овој витамин, вели диететичарката Витни Крауч.
Доколку на вашето тело му недостасува витамин Д, на што можат да укажат бројни симптоми, би требало да размислите за додатоци во исхраната. Препораката на експертите е лицата помлади од 70 години да земаат 15 микрограми витамин Д дневно, а постари од 70 години – 20 микрограми.
Со други зборови, кај возрасните лица кои се во ризик за појава на недостаток на витамин Д, се препорачува превентивна доза која се движи од 1500 до 2000 ИЕ.


Како што истакнува „MindBodyGreen“, витаминот Д е витамин растворлив во масти. Тоа значи дека, за разлика од некои други витамини, не се раствора кога се зема со вода. Наместо тоа, треба да се зема со маснотии за правилно да се дистрибуира и апсорбира во телото.
„Покрај витамин Д, треба да консумирате и корисни масти. Тоа се, на пример, маслиново масло, масло од авокадо и ленено семе“, наведува Крауч.
Колку масти да внесувате со витамин Д? Една студија од 2013 година покажува дека храната со околу 10 грама здрави масти може да биде доволна за идеална апсорпција на витамин Д. Неколку парчиња чаден лосос, шака јаткасти плодови или лажица природен путер од јаткасти плодови измешан во утринско смути, исто така, можат да бидат едноставни предлози кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.