Доколку претседателот донесе законска аболиција, Судот е должен да ја почитува

Откако Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов пред една недела потврди дека одбраната на осудените од случајот „27 април“ поднеле барање за аболиција до шефот на државата на денешниот брифинг претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев истакна дека претседателот на државата има право да донесе аболиција и тоа е факт. Ако биде донесена аболиција, Судот тогаш ќе се произнесе и ќе проценува по неа, додавајќи дека не е добро правосудните органи да се произнесуваат однапред по тоа прашање.
– Доколку претседателот донесе законска аболиција, Судот е должен да ја почитува, доколку пак е незаконска, тогаш тоа е работа за Обвинителството. Ако биде донесена аболиција, Судот тогаш ќе се произнесе и ќе проценува по неа, рече Џолев.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.