Докторката која ја оперирала починатата пациентка на ГАК ги демантира изјавите: „Не е вистина дека наместо папочна врвка ѝ биле пресечени цревата“

33-годишна пациентка утрово починала на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а овој случај ја потресе јавноста поради тврдењата за нејзината смрт кои се појавија на социјалните мрежи.
Со брзина на светлината се појави вест дека на пациентката ѝ биле пресечени цревата, наместо папочната врвка.
Директорката на ГАК, Викторија Јовановска која ја извршила операцијата ги демантира овие информации.
„Слободен печат“ стапиле во контакт со Јовановска, која ја извршила операцијата и е посочена како виновник за смртта на младата жена.
„Многу жалам за изгубениот млад живот. Но, не е вистина дека се работи за родилка и дека наместо папочна врвка ѝ биле пресечни цревата. Пациентката дојде на операција поради огромен миом во мала карлица, со рапиден раст во последните месеци. Воопшто не беше лесен случај, пациентката претходно била оперирана од пленоктомија, односно ѝ била извадена слезинката. Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуциран програм на клиниката“, изјавила Јовановска з
По повод овој случај, кој ја потресе македонската јавност, се огласи и Министерот за здравство, Венко Филипче, кој вели дека ќе иницираат надзор за случајот со починатата пациентка.
„Ќе иницираме соодветен надзор преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а доколку е потребно, и стручен надзор“, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција.


Од ГАК во соопштение до јавноста појаснуваат дека не се работи за родилка како што тоа е објавено на социјалните мрежи, туку за пациентка која е оперативно третирана. Пациентката, според соопштението од ГАК, починала утрово на КАРИЛ.
„Пациентката е примена на ГАК на 21.04.2021 година со голем тумор на матката и е извршена операција на 22.04., со уреден оперативен тек. Во првите шест дена пациентката е стабилна и е на исхрана преку уста. Шестиот постоперативен ден, поради нагло влошување на состојбата (силна болка), пациентката повторно е подложена на оперативен зафат во присуство на абдоминален хирург заради утврдување на причините за влошување на состојбата. Интраоперативно е најдена спонтана руптура на тенко црево (најверојатно како резултат на претходните болести). Во договор со абдоминален хирург, пациентката е префрлена на Клиниката за дигестивна хирургија. На 11-от ден постоперативно, на Дигестивна хирургија, настанува повторна компликација со цревата најверојатно поради претходните болести и пациентката е повторно оперирана. Постооперативно пациентката е во стабилна состојба и хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хирургија. Утрото на 09.05.2021 година, под сомнение за белодробна тромбоемболија, пациентката итно е префрлена на КАРИЛ, каде починала по многу кратко време“, се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.