Доларот повторно зајакна, вреди скоро исто како Еврото

Доларот денеска благо зајакна во однос на јенот и продолжи да расте по информациите за зголемување на вработеноста во САД, со што се зголемија очекувањата за натамошно заострување на агресивната политика од страна на Федералните резерви (ФЕД).

Доларот порасна за 0,1 отсто на 135,155 јени, во еден момент достигнувајќи  до 135,585 јени, што е највисоко ниво од 28 јули, откако претходно скокна за 1,57 отсто, највисока дневна добивка од 17 јуни, покажуваат најновите податоци за тргување во Азија, пренесува Ројтерс.

Еврото денеска падна за 0,15 отсто на 1,01815 долари, додека вредноста на британската фунта во голема мера остана непроменета на 1,2077 долари.

Британската валута падна на само 1,2004 долари во петокот, еден ден откако Банката на Англија ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен, како што се очекуваше, предупредувајќи на продолжена рецесија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.