Од овој сладолед може да јадете колку што сакате без да почувствувате ни грамче грижа на совест. Напротив, сладоледот е здрав и одличен е за секоја диета.
Како да го подготвите зелениот сладолед, што се ви е потребно?
половина ананас
1 краставица
1 јаболко
1 праска
100 г свежи листови спанаќ
1 гранче свежо нане
засладувач стевиа или натрен по вкус
Иситнете ги сите состојки и ставете ги во блендер. Додадете малку вода и 2 до 3 лажици стевиа (засладувач без шеќер) и измиксајте. Смесата ставете ја во калапи, па потоа во замрзнувач да отстои неколку часа.
Ако се одлучите сладоледот да го послужите во чаша, декорирајте го со малини, капинки и слично летно зрнесто овошје.