Додатокот од протеини и шумско овошје, овој домашен кекс го прават исклучително здрав, погоден за сите оние кои се занимаваат со спорт, а исто така е погоден и за оние кои се на диета.
Состојки:
– 1 шолја овесни снегулки
– 1 шолја брашно
– 50 гр. протеин во прав (вкус по желба)
– 1 шолја грчки јогурт
– 1/2 шолја мед
– кора од еден лимон
– 1 ванилен шеќер
– 1 лажичка прашак за пециво
– 1/2 лажица сода бикарбона
– прстофат сол
– 1 шолја боровинки
Подготовка:
Снегулките изблендирајте ги, потоа додадете ги сите состојки и соединете ја смесата.
Додадете ги боровинките и кратко вклучете го блендерот уште 10 секунди.
Подмачкајте го плехот, па ставете хартија за печење. Извадете го тестото со лажица и притиснете малку за да формирате кекс.
Печете 20-на минути, на температура од 180 степени, внимавајќи сите да добијат златно-кафеава боја.
Оставете ги да се изладат, па дури потоа префрлете ги во сад за уште малку да се исушат.
Чувајте ги во фрижидер, во затворен сад.