Потребни состојки:
500 г шеќер
125 г какао во прав
1 л млеко
200 мл слатка павлака
150 мл алкохол за ликери
Начин на подготовка:
Подгответе тенџере во кое ќе сипете шеќер и какао и ќе промешате. Потоа додајте го млекото и слатката павлака, повторно промешајте и тогаш вклучете го шпоретот. Почекајте да зоврие со постојано мешање, а потоа тргнете го од шпорет и оставете го да се излади. Потоа, додајте алкохол, промешајте и пресипете го ликерот во шише. По 7 дена, отворете го ликерот и уживајте.