Домашен сладолед од чоколадо без јајца

Како што се приближуваат топлите денови, така доаѓа и вистинското време за сладолед. Иако има различни вкусови во слаткарниците и супермаркетите, најдобриот сладолед е домашниот. Затоа пробајте го овој брз рецепт за домашен сладолед од чоколадо за кој не ви требаат јајца.
Домашен сладолед од чоколадо без јајца
Потребни состојки:
200 г црно чоколадо за готвење
250 милилитри млеко
2 кисели павлаки
1 ќесичка ванила
1 лажичка какао
декорација: сецкано чоколадо, јагоди


Начин на подготовка:
1. Насецкајте го чоколадото, а потоа блендирајте го. Потоа измешајте го млекото со какаото, шеќерот и ванилата и додајте ги во чоколадото. Блендирајте ги сите состојки заедно.
2. Додајте ја киселата павлата и блендирајте се додека не добиете хомогена смеса.
3. Добиената смеса ставете ја во пластичен сад, а потоа во замрзнувачот.
4. Кога смесата ќе биде малку стврдната, измешајте ја со виљушка(или со миксер ако сакате вашиот сладолед да биде кремаст).
5. Вратете ја пак во замрзнувачот, но промешувајте ја на секој половина час.
Совети:
1. Ако користите машина за сладолед, прескокнете го петиот чекор и следете ги упатствата на машината.
2. Можете да го направите сладоледот предходната вечер за да биде добро замрзнат следното утро, па ако малку отстои на собна температура ќе можете лесно да ги обликувате топчињата.
3. Сервирајте со сецкано црно чоколадо и јагоди.
Пробајте различни варијанти и уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.