ДОМАШЕН ХУМУС: Еве како сами да го направите овој совршен намаз со оригинален рецепт

Леблебијата или наутот е основата на секој рецепт, а има навистина безброј варијации на темата. Хумусот е особено популарен во веганската кујна, па дури и оние кои се на специјална диета можат да го јадат.

Состојки: 120 грама леблебија, претходно натопена во вода преку ноќ, една ипол шолја вода, половина лажичка сол, прстофат сода бикарбона.
Потребно е: 3 супени лажици сусам, 4 лажички маслиново масло, 1 лажичка лук во прав, 2 лажички сок од лимон, 1 лажичка куркума, сол и бибер по вкус, сув магдонос, црвен пипер.

Подготовка:
Леблебијата која претходно сте ја натопиле во вода добро исплакнете ја. Процедете и истурете во тенџере.

Прелијте со една ипол чаша вода. Во водата додадете половина лажичка сол, прстофат сода бикарбона и оставете да се вари на средна температура околу 15 минути. Проверете со вилушка дали леблебијата е сварена.
Треба да бидат толку меки што лесно да се месат. Додека се варат, истурете го сусамот во ненамастена тава и пржете со постојано мешање додека не порумени. Оставете на страна да се излади. Изладениот сусам истурете го во блендерот и блендирајте додека не добиете фина текстура.

Додадете го лукот, сокот од лимон, маслиновото масло, куркумата, солта, биберот и црвениот пипер и повторно изблендирајте.
Потоа во смесата додадете ја леблебијата и блендирајте додека не добиете густа смеса. Извадете го хумусот и ставете го во чинија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.