Домашна паштета готова за 20 минути: Кремаст намаз од црвена леќа во кој ќе ужива целото семејство

Паштетата од црвена леќа е идеална за сите кои се грижат за исхраната или постат.

Црвената леќа е еден од најдобрите извори на протеини. Со нејзиното консумирање ја зголемувате виталноста на бубрезите, работата на срцето и циркулацијата, а освен што содржи многу протеини, црвената леќа содржи и диетални влакна, витамин Б1, фолна киселина и минерали.

Исто така, оваа храна е многу богата со железо, па затоа се препорачува во исхраната на сите луѓе, особено на вегетаријанците.
Денеска ви претставуваме рецепт за вкусен кремаст намаз од црвена леќа, кој содржи висок процент на протеини, малку масти и калории и е фантастичен избор за секој што сака да се грижи за исхраната или за оние кои постат.

Состојки:

  • 300 грама (1 ½ шолја) црвена леќа;
  • 1 среден кромид;
  • 1 морков;
  • 3-4 чешниња лук;
  • 1 лажица масло или 1 лажичка путер;
  • морска сол, по вкус;
  • магдонос за украсување;
  • 1-2 прстофат куркума.

Подготовка:
Во средно тенџере ставете вода, а кога ќе зоврие додадете ја леќата, сечканиот морков, 2/3 од сечканиот кромид и морската сол.
Варете околу 10 минути, па тргнете го од оган.
Додадете го исчистениот лук и оставете да се излади 10 минути.
Отстранете го вишокот вода со помош на цедалка, а потоа истурете ја содржината во сад.
Во блендер изблендирајте ја леќата и другите состојки.
Кога ќе стане кремасто, додадете ја куркумата, путерот или маслото и преостанатата третина од сечканиот кромид.
Добро измешајте со лажица. Украсете со сечкан магдонос и послужете!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.