Оваа сочна и слатка пита оди одлично со првото утринско кафе, но уште подобро со второто или третото.
Домашна пита со овошје
Потребни состојки:
4-5 јајца
200 грама маргарин
100-200 грама шеќер во прав
1 прашок за печиво
Кора од лимон
1 ванилин шеќер
400 грама брашно
1 шолја млеко
600 грама рендани јаболка
Шеќер за јаболката по желба
100 грама мелени ореви
200 грама замрзнати малини
Малку цимет
Начин на подготовка:
Изматете ги јајца со шеќерот, а потоа додајте го омекнатиот маргарин и мешајте додека не се направи пена. Додајте ја кората од лимон, брашното со прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и околу 150 милилитри млеко. Добро измешајте ги состојките.
Изрендајте ги јаболката и ставете шеќер по желба. Потоа додајте малку цимет и мелени ореви.
Премачкајте ја тавата за печење со масло, а потоа посипете ја со брашно. Ставете половина од тестото, а врз него половина од малините и ренданите јаболка. Потоа повторно додадете од малините и остатокот од тестото. Печете на 200 степени, околу 40-50 минути.
Доколку немате многу искуство со правење слатки, пробајте го овој едноставен рецепт за почетници за лажна пита од јаболка.