Направете здрава и вкусна штрудла полнета со спанаќ со која ќе ги изненадите домашните, особено ако постите пред Велигден.
Спанаќот е богат со железо, фолна киселина, калиум и витамин A и C. Содржи двојно повеќе железо од другите зелјести растенија, но она што многумина не го знаат е дека термички преработениот спанаќ содржи повеќе хранливи материи, витамини и минерали отколку свежиот.
Нутриционистите советуваат да го јадете и свеж и преработен, а најдобро е да го комбинирате со храна исто така богата со витамин Ц за подобра апсорпција на железото.