Домашни кифлички со сирење и шунка: Одличен појадок

Испробајте го овој едноставен рецепт за кифлички во кои ќе уживате и додека ги печете и додека ги јадете.
Домашни кифлички со сирење и шунка: Одличен појадок за викенд!
Потребни состојки:
1 кг мазно брашно
1 свеж квасец
200 мл топло млеко
Сол
Масло
400 мл вода


Потребни состојки за филот:
150 грама шунка
150 грама сирење
Начин на подготовка:
Во топлото млеко разматете го квасецот и оставете го да се подига околу половина час.
Во брашното додајте сол, масло и квасецот.
Со водата замесете меко тесто.
Оставете го да се подига на топло уште еден час.
Тестото поделете го на 5 топчиња со иста големина, растегнете ги и потоа секој дел исечете го на 4 триаголници.
Во секој триаголник ставете по малку рендано сирење (или кашкавал) и шунка и завиткајте.
Ставете ги кифличките во тава обложена со хартија за печење и одозгора премачкајте ги со жолчка.
По желба, посипете им сусам или ким.
Печете ги 20 минути на 180 степени Целзиусови

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.