Велигденските пости подразбираат големи промени во исхраната, ако сте се прашувале што да го замените кравјото млеко во вашето утринско кафе, каша или омилени десерти, домашното бадемово млеко е идеално решение.
Комерцијалните верзии на бадемово млеко се преполни со вештачки состојки и шеќер. Затоа е секогаш подобро да изберете природна варијанта и сами да го направите овој напиток дома.
Направен е од само неколку состојки , лесен е, хранлив и лесно сварлив, а подготовката трае само неколку минути.
Потребни ви се бадеми, вода и, по желба, малку екстракт од ванила за блага арома. Резултатот е пијалок кој е често повкусен и посвеж од купените верзии, а воедно е целосно прилагоден за деновите на постење.
Состојки
1 чаша сурови бадеми
3-4 чаши вода
Мед, цимет, какао или ванила (по желба)
Подготовка
Потопете ги бадемите и оставете ги преку ноќ во водата. Ќе ја впијат течноста и ќе омекнат, па ќе бидат подготвени за понатамошна обработка наутро. Следниот ден, процедете ги од водата во која биле и ставете ги во блендер.Додадете три до четири чаши свежа, по можност филтрирана, вода во блендерот и блендирајте неколку минути, додека не добиете лесна, млечна и целосно хомогена течност. Кога смесата ќе биде готова, процедете ја низ газа или фина цедалка и добиеното млеко сипете го во стаклено шише или тегла.
Не ја фрлајте пулпата што останува по цедењето. Можете да ја додадете во мусли, да ја користите за подготовка на колачи, домашни крекери или да ја исушите и сомелете за да добиете бадемово брашно.
Чувајте го домашното бадемово млеко во фрижидер и употребете го во рок од два до три дена. Доколку сакате, можете малку да го засладите со мед или да го збогатите со цимет, какао или ванила за дополнителна арома.
The post Домашно бадемово млеко: Пијалок од две состојки идеален за денови на пост appeared first on Во Центар.



