Кога еднаш ќе го направите сами, па ќе испадне како што се го замислиле, нема да ви падне на памет да купувате готово тесто!
Уредничката на познатиот кулинарски ТВ канал „The Kitchen“ Ема Кристенсен, го открива главното правило за подготовка на домашно тесто за пица кое ќе им се доадне на сите, а тоа гласи – што поедноставно, тоа подобро.
По овој рецепт ќе добиете тесто за една голема или две мали пици со пречник од 25 см.
СОСТОЈКИ:
1 лажица сув квасец
3/4 шолја топла вода
2 шолји брашно
1,5 лажичка сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Налијте вода во сад па додајте квасец и причекајте да се растопи.
Додајте брашно и сол, па замесете тесто. Најдобро ќе биде тоа да го направите со миксер, што ќе трае околу 5 минути, а рачно ќе треба повеќе да се потрудите.
Месете додека не добиете глатка и компактна маса.
Доколку се лепи, пред да го развлечете посипете брашно по работната површина, па полесно ќе го развлечете.
Уште неколку совети за сочна пица со крцкаво тесто:
Не претерувајте со фил. Што повеќе состојки ставате, пицата подолго ќе се пече, па поголема е шансата да ви загори на краевите.
Убаво развлечено и потенко тесто со помалку состојки се препорачува да се пече пократко, но и на повисока температура, за средината да биде убаво печена, а краевите фино крцкави.