Домашно подготвени протеински плочки за добра форма и одлично здравје

Протеинските плочки се одличен избор за здрава ужина и одлично решение за сите оние моменти во денот кога сте надвор од домот, а чувствувате малку глад
Потребни состојки:
100 грама овесни снегулки
50 грама овесни трици
1 супена лажица путер
5 ситно исечкани урми
50 милилитри млеко
Начин на подготовка:


Ставете ги сите состојки во една чинија и добро измешајте. Смесата рамномерно распределете ја на тава, која претходно била обложена со хартија за готвење. Печете на 180 степени околу 8 минути. Исечете ги плочките на посакуваната должина додека уште се топли, а потоа оставете ги да се оладат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.