Темното чоколадо е едно од најздравите слатки задоволства. Ако сакате да им направите на најмалите домашно темно чоколадо, овој рецепт е идеален за тоа.
Потребни состојки:
100 грама какао
3 до 4 лажички кокосово масло
3 лажички мед
Подготовка:
Во сад ставете го какаото, па полека додавајте го кокосовото масло додека не добиете смеса со средна густина. Со жица за матење изматете ја смесата неколку минути, па додадете го медот. Матете уште малку.
Откако сите состојки ќе се соединат, смесата налејте ја во калап со посакуваната форма и оставете да се сврзе во фрижидер, најмалку 2 часа. По желба може да додадете кршени или ситнети лешници, бадеми, суво грозје, брусница и слично