Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Си-Ен-Ен дека американската војска „ја удира душата“ на Иран и дека „големиот бран“ допрва доаѓа.
Тој одговори потврдно кога беше прашан дали САД преземаат дополнителни чекори, освен воен напад, за соборување на теократскиот режим.
„Навистина преземаме мерки, но во моментов сакаме сите да останат внатре. Надвор не е безбедно, а наскоро ќе биде уште помалку безбедно“, нагласи Трамп.
Според него, Америка сè уште не почнала силно да удира.
„Големиот бран сè уште не се случил. Вистинскиот доаѓа наскоро“, тврди американскиот претседател.
Кратко по почетокот на воздушниот напад врз Иран на 27 февруари, американските претставници изјавија дека нападот нема да биде краток, односно наговестија дека може да потрае неколку недели.
Тие го извршуваат овој напад со Израел, а веќе на првиот ден од нападот го убија иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, членовите на неговото семејство и неколку високи ирански функционери.
The post Доналд Трамп за нападот врз Иран: Им ја тепаме душата, големиот бран допрва доаѓа appeared first on Во Центар.



