четврток, 12 ноември 2026
Најново

ДОНЕСЕНА Е ОДЛУКА: Се укинува изолацијата – не ви треба сертификат, потврда или тест за влез во Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владата на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во Македонија, на граничниот премин задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во Македонија или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата.
Како што информира владината прес-служба, на денешната седница Владата донела и одлука да биде укината и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди.

Поврзани вести