Донесени одлуки, Камчев и другите четворица остануваат во притвор

Сите жалби кои ги поднесоа осомничените во предметот наречен „Империја“ се одбиени од Кривичниот совет на скопскиот кривичен суд. Судиите Горан Бошевски, Ленка Давиткова и Огнен Ставрев одлучувале по предлогот на одбраната на осомничените за укинување на мерката притвор, кој на Орце Камчев и на четворица други им беше изречен минатиот петок.
„Постапувајќи по жалби на одбраната изјавени против решенија на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор во случајот од обвинителството означен како „Империја“, Советот одржа Јавна седница, со присуство на одбраната, по која ценејќи ги фактите и доказите во предлогот и во изјавените жалби донесе решенија со кои ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка.“
Нема други детали поврзани со случајот и како што се чини прифатени се барањата на СЈО за определувањето во притвор на за Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Тодор Мирчевски и Зорица Арсовска и тоа по сите основи по кои се изрекува оваа мерка.
„Во оваа фаза не се разговараше за гаранции во недвижности, дотолку повеќе што мојот штитеник, во периодот кој е наведен, 26 пати излегол и се вратил во државата. Ние бевме тие кои понудивме замрзнување на имот како форма на гаранција, бидејќи тој нема потреба да бега.“ – вели адвокатот на Камчев, Поповски.
Прочитајте го и ова: Како растеше империјата на Камчев!? 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.