Дончиќ блесна, Лејкерси израмнија против Минесота

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси ја израмнија серијата во осминафиналето на НБА лигата со победа над Минесота Тимбервулвс (94-85). По почетниот пораз „езерџиите“ ја израдуваа својата публика во Калифорнија, откако стекнаа висока предност во првата четвртина. Лука Дончиќ одигра одличен натпревар, уфрли 31 поен и фати 12 скока, а подели и девет асистенции. Во таборот на Минесота се истакнаа Рендл со 27 и Едвардс со 25 поени. Одличен беше и Леброн Џејмс кој го заврши мечот со 21 поен и 11 скока.
Оклахома не дозволи изненадување и убедливо го совлада Мемфис со 118-99. Тандерси стигнаа до двојна предност во серијата, бранејќи го домашниот терен пред преселбата во Мемфис. Шеј Гилџес Александер беше најдобар на теренот со 27 поени, додека еден поен помалку уфрли Џексон од таборот на ривалот.
Победа забележа и Индијана која стекна предност од 2-0 над Милвоки (123-115). Пејсерси вторпат беа подобри пред својата публика и стигнаа до капитално водство во плеј-офот. Јанис Адетокумбо го заврши натпреварот со 34 поени и 18 скока, добро го следеше и Портис со 28 поени и 12 скока, ама немаа поддршка од соиграчите. Во Индијана дури петмина беа „двоцифрени“ и поради тоа стигнаа до победата. Најзапазени партии имаа Паскал Сиакам (24 поени, 11 скока) и Тајрис Халибуртон (21 поен, 12 асистенции).
The post Дончиќ блесна, Лејкерси израмнија против Минесота appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: