Дончиќ објасни зошто одбива да плаќа алиментација: „Анамарија се бори на погрешен суд, нека ја погледне мапата“

Словенечката кошаркарска суперѕвезда Лука Дончиќ во последните недели игра веројатно најдобрата кошарка во својот живот, а сето тоа додека во исто време минува низ најтешкиот период во однос на неговиот личен живот.

Сите веќе знаат дека Дончиќ раскинал со Анамарија Голтес, неговата сега веќе поранешна свршеница со која има две деца, и нивната правна битка започнала.

Американскиот TMZ објави дека Дончиќ одбива да плаќа издршка за своите две деца, додавајќи дека ѝ рекол на својата поранешна свршеница дека треба „да се консултира со мапа пред да поднесе правни документи во врска со издршката за двете деца“.

Имено, Дончиќ алудира на фактот дека Анамарија ги поднела барањата до судот во Калифорнија, иако живее со своите деца во Словенија, што било коренот на целиот проблем во нивната врска.

Лука и неговата адвокатка Лаура Васер истакнуваат дека тој не е жител на Калифорнија, како ни нивните ќерки Оливија и Габриела. Тој вели дека со месеци се обидува да ја убеди Анамарија да се пресели во Калифорнија со нивните деца, но таа одбива откако се врати во Словенија минатиот мај.

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс вели дека пред Анамарија да поднесе документи за издршка на дете претходно овој месец, тој веќе поднел барање во Словенија во февруари… Тие документи се однесуваат на старателство и издршка на дете.

Одличниот кошаркар вели и дека веќе ги покрива сите трошоци за двегодишната Габриела и четиримесечната Оливија. Секако, парите не се проблем за него бидејќи има тригодишен договор вреден 165 милиони долари.

Лука и неговиот адвокат, исто така, велат дека поднесокот на Анамарија во Калифорнија е „јасен обид да се бара поповолен закон и да се искористат дарежливите износи на алиментација по кои Калифорнија е добро позната“.

Кога ја раскина свршувачката, Лука за ESPN изјави: „Сè што правам е за среќата на моите ќерки и секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им го овозможам најдобриот можен живот“.
The post Дончиќ објасни зошто одбива да плаќа алиментација: „Анамарија се бори на погрешен суд, нека ја погледне мапата“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: