Допрено е дното на судството, едногласни се казнетите адвокати

Парите со кои сме казнети им ги подаруваме на судот велат санкционираните адвокати, откако се пожалиле на условите во кои се одвивал распитот на загрозениот сведок С1 во старата зграда на Кривичниот суд каде што беше префрлен поради технички пречки во новиот објект на судот.
Според објаснувањето на Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на еден од обвинетите, Кацарска ги казнила во моментот кога тие се побуниле дека немаат услови за работа во старата зграда на Кривичниот суд, откако беа преместени од големата сала во новата зграда на Судот поради технички причини, т.е. поради неможноста да се мутира добро гласот на загрозениот сведок. Според Давидовиќ, Кацарска ги казнила поради попречување на текот на судскиот процес, што според нив не било попречување, туку поплаки дека не може да работат стоечки и не може да фаќаат белешки на колена.
Судијката Кацарска во записникот ставила дека денеска им се одзема правото да бидат бранители во процесот и дека на обвинетите ќе им бидат назначени адвокати по служена должност.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.