Дортмунд му се закани на ПСЖ






Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, вели дека јасна цел на тимот е да ја искористи малата предност кога утре ќе биде домаќин на Пари Сен Жермен во првиот натпревар од нивната полуфинална пресметка во Лигата на шампионите.

Реваншот ќе се игра во Париз на 7 мај.

-Мораме да работиме напорно 180 минути за да го исполниме нашиот голем сон. Не сме задоволни од натпреварот кој го одигравме во Париз во групната фаза. Не создадовме многу шанси за гол. Дефинитивно тоа што го направивме не беше доволно. Во вториот натпревар ситуацијата беше сосема поинаква, прокоментира Терзиќ на прес-конференцијата пред првиот меч со францускиот гигант.

Рами Бенсебаини и Жулиен Дуранвил дефинитивно се аут за натпреварот. Марсел Забицер и Дониел Мален учествувале на тренингот вчера. Се претпоставува дека тие ќе бидат достапни за утре. 

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: