Првиот пресек од скринингот откри само 6 позитивни ученици во училиштата. Со тестирањето беа опфатени 1.323 малолетници од основните и средните училишта, но покрај 6те ученици, сите други биле негативни на тестот.
– Од тестирани 1323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци. Од нив само 6 основци биле позитивни на Ковид 19. – велат од Министерство за здравство.
Крајните резултати центрите за јавно здравје мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработка на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анализа со што ќе се добие генерална слика за присуството на коронавиурсот меѓу учениците во училиштата.
Во скинингот ќе бидат опфатени близу 8.200 ученици, а ќе бидат опфатени околу 500 основни и средни училишта низ целата земја.
Според микробиологот д-р. Никола Пановски пак, 8.000 тестови на 240.000 ученици нема да ја дадат целосната слика за тоа колку е присутен вирусот во училиштата и нема да има видлив ефект.
Во моментов 885 деца се активни, а 15 се позитивни на ковид 19. во детската болница козле – хоспитализирани се 19 деца, а едно е на кислород.



