Досегашниот успех ни дава оптимизам дека ќе успееме во исполнување на нашите стратешки определби

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски изјави дека очекува земјата во јуни да добие датум за преговори со ЕУ. Тој имаше обраќање пред мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Република Северна Македонија кој во Стразбур го одржува својот 16-ти состанок.
– Горди сме на постигнатото и перспективите кои ги отворивме за Република Северна Македонија. Свесни сме дека пред нас претстои уште многу работа, но досегашниот успех ни дава оптимизам дека ќе успееме во исполнување на нашите стратешки определби, изјави Жерновски.
Според него доколку се одложи одлуката земјата да добие датум за преговори во јуни, тоа ќе значи обесхрабрувачки сигнал за државата и забавување на реформскиот процес. Ако, пак, државата го добие датумот тоа ќе значи продолжување на продукцијата на добри вести, инвестиција во стабилноста и просперитетот на ЕУ, демонстрација на кредибилност и посветеност кон основните ЕУ вредности, вели Жерновски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.