Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

Државната изборна комисија ја одржа првата прес-конференција денеска, а од там велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори.

Се наведува дека на неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

„Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се обработуваат“, кажа птетседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Наредната прес – конференција ќе биде во 13.30 часот кога ќе информираат за текот на гласањето и излезноста.

Пронајдете не на следниве мрежи: