“ДОЈДЕ ВРЕМЕ ТУРЦИЈА ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД НАТО!” ЗАПАДОТ ОГОРЧЕН ОД ПОЛИТИКАТА НА АНКАРА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ!

Турција треба да биде исклучена од НАТО поради нејзината политика и став околу приклучувањето кон алијансата на Шведска и Финска, изјави за ТВП Ворлд претседателот на Форумот на Блискиот Исток, историчар и ориенталист Даниел Пајпс.

Анкара води непријателска политика кон членките на НАТО, како што е Грција, ја нападна Сирија, ѝ се закани на Европа со сириски мигранти и купува комплекси С-400 од Русија, рече Пајпс.

Тој ги нарече дејствата на Анкара “уцена”. Според ориенталистот, таа се обидува да преговара за свои предности во замена за согласност за проширување на сојузот.
Во исто време, експертот ги критикуваше сите области на меѓународната политика на Турција во последните две децении.

Од 1952 до 2002 година Турција беше многу добар сојузник на НАТО, но во последните 20 години стана исклучително лоша. Дури не е ни сојузник.
Анкара води непријателска политика кон членките на НАТО, како што е Грција, ја нападна Сирија, ѝ се закани на Европа со сириски мигранти и купува комплекси С-400 од Русија, рече Пајпс.
Тој изрази мислење дека поради политиката и позицијата на Анкара за проширувањето на НАТО, Турција всушност повеќе не е дел од алијансата.

Дојде време Турција да биде исклучена од НАТО. Нека оди со Русија, Кина и Иран – заклучи Пајпс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.