четврток, 12 ноември 2026
Најново

„Дојде тивко, на прсти“: Северина објави фотографии од Миконос со една од моментално најомразените личности на социјалните мрежи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пејачката Северина Вучковиќ објавила фотограии и видео од грчки Миконос кои ги изненадиле сите.

Северина вредно работела летово и својата публика ја израдувала со дури две нови песни „Sorry“ и „Metak“.
Една од најбараните пејачки во регионот одлучила себеси да си се почести и да замине на заслужен одмор каде ќе ги полни батериите за претстојното лето.

Судејќи по новите објави на социјалните мрежи, Северина моментално ужива на Миконос.
Едно од најпознатите летни места, но и најелитните во Грција секако дека е најпопуларно меѓу познатите личности, но тоа што ги изненадило нејзините обожаватели се новите објави кои Северина ги споделила со нив.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

https://www.instagram.com/reel/Cu7dLGkAqWV/?utm_source=ig_web_copy_link&igshid=MzRlODBiNWFlZA==

Наместо фотографии од плажа, пејачката сите ги изненадила кога открила дека на Миконос го сретнала еден од најпознатите Турци.
Имено, Северина објавила фотографии и видео со познатиот турски готвач Нусрет Гокче, попознат како Салт Бае.

„Дојде тивко, на прсти“, напишала Северина под објавите кои за кратко време воодушевиле многумина.
„Му ја разубави фотографијата“, „Внимавај да не ти наплати што го гледаш“, „Убава средба со Нусрет“, биле само дел од коментарите кои се нашле под објавите.

Инаку, турскиот готвач има ланец на ресторани ширум светот, а еден од најпознатите се наоѓа токму на Миконос. Тој е добро познато име во светот на гастрономијата, а неговото богатство се проценува на 44 милиони долари.
Познат е по високите цени кои многумина ги сметаат за непристојни, а веќе одредено време е едно од најомразените лица во светот на познатите.

Поврзани вести