Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, пораснала за 4.5% и изнесува 24.192 денари, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Синдикатот, пак, вели дека минималната потрошувачка кошничка во месец март поскапела за 430 денари и сега изнесува 32.852 денари.
Овие податоци покажуваат дека доколку во четиричлено семејството има двајца вработени со минимални плати, ќе им недостасуваат околу 100 евра за задоволување на основните потреби.