ДО КРАЈОТ НА ЛЕТОТО МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ПОСТИГНЕ КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ ПРОТИВ КОВИД-19

До 15-ти мај сите граѓани кои што се пријавиле на вакцинација.мк ќе добијат СМС или е-маил со термин и пункт каде треба да се вакцинираат – вели министерот за здравство во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Станува збор за повеќе од 160 000 граѓани кои се пријавиле на електронскиот систем. Но засега нема граѓаните нема да имаат можност да бираат со која вакцина ќе се имунизираат и системот нема да ги известува која вакцина ќе ја примат на закажаниот термин.
„Решивме да се стави приоритет на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април – сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација преку СМС порака или меил со точно време и пункт каде треба да се јават.“ – вели Филипче.
Здравствените власти досега се задоволни од одзивот за вакцинација и очекуваат дека до крајот на летово Македонија да постигне колективен имунитет. Според најавите, на 15т-и мај треба да пристигнат уште сто илјади вакцини на Синофрам, а до крајот на месецо и 500 илјади вакцини од производителот Синовак. Министерот Филипче вели дека и Синовак вакцините се ефикасни и безбедни.
„Нема никакви дилеми. Сите вакцини се еднакво ефикасни во однос на спречувањето на тешка форма на болест и од смртен исход како резултат на болеста и тоа е потврдено со сите клинички испитувања, со сите испитувања коишто се понатаму направени. После давањето на апликација голем број на земји, сериозно големи земји, ја дистрибуираат таа вакцина, на пример Турција, понатаму Бразил, таму се резултатите навистина добри, нема никаков сомнеж во ефикасноста на ниту една вакцина, впрочем тоа што и Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови сега ги евалуираат и сите други вакцини од други производители кои засега од нив не се одобрени, ни укажува на тоа дека сите вакцини се ефикасни и дека комбинацијата на вакцини конечно треба да биде и ефективна, односно да ја смени сликата на пандемијата насекаде во светот.“ – вели Филипче.
Според разговорите што ги имал Министерот Филипче со европските претставници – за патувања во земјите членки на ЕУ ќе се прифаќаат вакцините коои се одобрени од Европската Медицинска Агенција и Свестската здравствена организација, но Филипче вели дека во тек се постапките и за признавање на буквално сите вакцини.
Досега во земјава вакцинирани се вкупно близу 108 000 граѓани граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.845 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.857 граѓани. Според последните бројки околу 30% од населението над 70 години веќе имаат примено барем една доза вакцина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.