До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата, Мицкоски планира промени и во другите ешалони

До крајот на месецов треба да заврши реконструкцијата на Владата и списокот со измените до 1 јули да се најде пред пратениците, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Вчерашната средба со коалициониот партнер ВЛЕН поминала во конструктивна атмосфера, а за денеска, во 14 часот е закажана средбата со вториот коалиционен партнер – ЗНАМ.
Мицкоски денеска остана доследен на соопштението од Владата и не сакаше да изнесува повеќе детали од разговорите, но откри дека се разгледуваат и опции за промена на ресори.
– Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви опции. Се разгледуваат опции за промена на ресори, така што мислам дека многу бргу ќе го затвориме овој прв дел од процесот во условно кажано првиот ешелон. Денеска ќе видиме со ЗНАМ, во два часот имаме состанок со нив. Ќе разговараме отворено за сите добри страни, но и слабости, се разбира така што до крајот на следната недела, како што кажавме и до крајот на јуни да сето ова го формализираме и најдоцна до први јули списокот да се најде во Парламент, рече премиерот.
По реконструкцијата на Владата, Мицкоски најавува промени и во другите структури и на локално ниво.
– На локално ниво имаме прилично голема бројка на директори на јавни претпријатија и имаме свои мислења за работата на дел од нив. Имаме места каде што можеме подобро. иИмаме места каде што сме исклучително задоволни, изјави Мицкоски.
The post До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата, Мицкоски планира промени и во другите ешалони appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: