ДО ПЕТОК ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРАТА: Сончево и топло време, УВ индексот 9

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 34 степени.
До петок времето ќе биде сончево и многу топло, со пораст на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.