Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност се очекува утре низ земјава, а дневната температура ќе достигне до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Попладне на повеќе места ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а максималната од 33 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 21 до 39 степени.
Според прогнозата на УХМР, сончево и многу топло време ќе се задржи до понеделник, при што дневната температура насекаде ќе биде над 33 степени.
Во вторник се очекува дестабилизација на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во среда ќе дува засилен северен ветер и температурите ќе се намалат за неколку степени.



