До понеделник топло време, заладување од вторник- еве какво време не` очекува

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност и топло. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.
Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура ќе се движи од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 6.


Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степен.
До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време. Во недела ќе има извесно зголемување на облачноста со умерен северен ветер и благо опаѓање на дневната температура. Позначителна промена на временската состојба со поизразено заладување се очекува од вторник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.