ДПИ: Протоколите за заштита од ковид-19 биле прекршени на концертот на Петар Грашо во Битола

Државниот пазарен инспекторат констатирал дека протоколите за заштита од ковид-19 биле прекршени на концертот на Петар Грашо во Битола, Хераклеа и најавува соодветен поднесок до организаторот на концертот.

-Првичниот записник е направен во 21.30 часот, кога се беше во ред – влез, сместување на посетителите, се беше во ред. Пазарните инспектори си заминаа, не можеме ние да седиме цел концерт. Подоцна добивме најава дека преминало во журка, па е составен нов записник и ќе следи соодветен поднесок – велат од инспекторатот.

Инаку, за концертот биле продадени повеќе од 2.000 билети, иако дозволено било присуство само на 600 посетители. Сепак, од продукцијата “Прагма”, организатор на концертот, изјавиле дека протоколите не се прекршени.

Вчера и министерот за здравство Венко Филипче преку “Фејсбук” побара надлежните инспекции да го казнат организаторот на концертот на хрватската ѕвезда на локалитетот Хераклеја во Битола. Филипче побара соодветни санкции за организаторот, бидејќи не го почитувал протоколот за одржување концерти, кој Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести го подготвиле заедно со организаторите на настани и манифестации.

ФИЛИПЧЕ ПОБАРА ДА СЕ КАЗНИ ОРГАНИЗАТОРОТ НА КОНЦЕРОТ НА ПЕТАР ГРАШО ВО ХЕРАКЛЕА ШТО МИНА БЕЗ МАСКИ И ДИСТАНЦА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.